Една жртва и тројца повредени во сообраќајна несреќа во охридско

архивска илустрација

Едно лице го загуби животот, а три се повредени, меѓу кои и 13-годишно дете во сообраќајна несреќа која ноќта кон неделата околу 2,30 часот по полноќ се случила на магистралниот пат Охрид – Ресен кај селото Опеница.

Од полицијата информираат дека во несреќата учествувале „фиат мареа“ со охридски регистерски таблици управувано од 21-годишниот С.М. од селото Оровник, во општина Дебарца, и „фиат пунто“ управувано од 63-годишниот Т.К. од охридското село Лескоец.

Во сообраќајната незгода на местото на настанот починал совозачот во возилото „Фиат Пунто“ К.М. (50) од с.Лескоец -Охрид, а со телесни повреди се здобиле возачот Т.К. и уште двајца сопатници од истото возило – М.М.(38) и едно 13 годишно дете.

На местото на настанот бил извршен увид од страна на увидна екипа од СВР-Охрид и се работи на целосно расчистување на случајот.