Една жртва при излетување на возило од патот кај Стоби

Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случила во неделата ноќта околу 19 часот кога патничко моторно возило „КИА“ излетало од регионалниот пат Градско-Неготино, кај локалитетот „Стоби“.

Возилото го управувал 47-годишниот С.П. од неготинското село Црвени Бреговио, кој починал на самото место.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР – Велес. По наредба на Јавен обвинител, над телото на починатиот ќе се врши обдукција.