Едната од двете млади Босанки кои отидоа во џихад е мртва, другата исчезната

Тајните служби на Австрија и на Сирија ги бараат Сабина Селимовиќ (15) и Самра Кешиновиќ (16), по нивното бегство во џихад кое се случи на почетокот од годинава.

Високиот експерт на антитерористичкиот комитет на Советот за безбедност на Обединетите нации, Давид Шарија, за израелските медиуми кажал дека едната девојка е мртва, а другата е исчезната, пренесува австрискиот портал oe24.at.

– Неодамна добивме информација дека двете малолетни девојки со босанско потекло побегнале од Виена во Сирија. Регрутирани се од страна на „Исламската држава“, а по нив трагаат разузнавачките служби на оваа држава. Веруваме дека една од нив загина за време на борбата во Сирија, а другата е исчезната – вели Шарија за израелски Инет.

Шарија не прецизирал која од двете девојки е загината.

Сабина и Самра побегнаа од дома во април годинава. Австриските медиуми неодамна објавија дека девојките се каеле за својата одлука и им порачале на родителите дека сакаат да се вратат дома.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.