Едно дете загина, а уште три се борат за живот во сообраќајка со трактор

Уште три деца на возраст од 6, 10 и 11 години како и 13 годишното момче што управувало со тракторот се пренесени во скопските клиники.

13-годишно дете загина во сообраќајна несреќа во велешкото село Бузалково, кај месноста Врбица. Повредени се уште четири деца. Едно од нив е пренесено на КАРИЛ во Скопје.

Несреќата се случи вчера попладне кога трактор полн со деца и управуван од малолетник, се превртел и излетал од патот.

Загинатото дете заедно со уште две деца било седнато на предниот дел од тракторот, а другите четири деца се возеле во приколката.

Телото на мртвото дете по наредба на јавен обвинител е предадено на семејството.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.