Едно „глувчочино“ Ве молам!

По кафулињата со мачки, кои постојат во неколку градови во светот, во Лондон е отворен алтернативен локал за љубителите на глувци. На гостите во „Лондонската зандана“ им се препорачува пред да дојдат да се ослободат од стравот од глодари.

Имено, кога ќе се спомене глушец, првата асоцијација обично не е дека се работи за некој симпатичен Дизни лик, туку за суштество кое предизвикува исконски страв. А, тоа е што всушност сакаат да го променат сопствениците на ова необично кафуле.

Како што пренесуваат британските медиуми, дел од декорот во локалот се и 18-те глувци кои слободно шетаат по масите, а гостите можат да ги допрат и галат.

pacov, foto 2

Во кафулето се служи „глувчочино“ (“rattucino”)

„Глувците ги бие лош глас уште од средниот век поради епидемиите кои ги пренесуваат, но и поради епизодите на серијата Големата миризба во Викторијанска доба“, објаснува за „Дејли“, Матијас Хајвел, менаџер на локалот, чија цел е да им се подобри имиџот на озоласените глодари.

По прочуените кафулиња со мачките и нешто поегзотичните со рептили и бувовите, барот со глувиц е на добар пат да стане нов моден тренд за оние кои сакаат да се опуштат со кафе на оргинален начин.

Кафулето е отворено на 24 јуни и засега тој бележи успех,вели Хајвел, кои веќе има планови за нови проекти.

„Имајќи ги в предвид првите реакции, нашето кафуле би можело да се впише во мапата за водич во ексцентрични искуства во Лондон“, додава Хајвел кои се надева дека „Лондонската зандана“ наскоро ќе стане атракција кои туристите нема да ја заобиколуваат.