Едно лице почина, тројца повредени по пад во провалија на Галичица

Едно лице, од четворицата кои паднаа во провалија на планината Галичица, им подлегнало на повредите денеска, потврдуваат од СВР Охрид.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски за Нетпрес вели дека имаат информација дека едно од лицата починало и дека еден од останатите е повреден, но надвор од животна опасност.

„Екипа на Црвениот крст, специјално обучена за извлекување во планина, е уапсена кон местото викано Зли дол во близина на врвот Томорус каде се случула несреќата, но тие бавно се движат поради екстремно непристрапниот и стрмен терен“, вели Димовски додавајќи дека на терен се излезени и екипи од СВР Охрид, Граничната полиција и Центарот за управување со кризи.

Димовски вели дека лицата кои паднале во провлаијата не се планинари, а за едниот информира дека е албански државјанин. Идентитетот на лицата се уште не е утврден.