Едно лице почина во тешка сообраќајка во Морани

Тешка сообраќајна несреќа се случила синоќа во село Морани.

До несреќата дошло кога се судриле возило марка „цитроен ксантија“ со скопски таблички, управувано од В.Ј. (24) и возило „фиат чиквеченто“ со скопски таблички, управувано од Н.Д. (27).

По судирот на возилата „фиат чиквечентото“ излетало од коловозот и удрило во дрвени столбови со жичана ограда и дрвја што се наоѓале во нивата по што се превртело. Повредените со возило на Брза помош се пренесени во Ургентниот Центар во Скопје за укажување на лекарска помош. Со тешки телесни повреди се здобил возачот Н.Д. и Шиме С.(61) сопатничка во  ПМВ„Фиат Чиквеченто“ која што подоцна им подлегнала на повредите. Со телесни повреди се здобил возачот В.Ј. и Г.П.(21) сопатник на ПМВ„Цитроен Ксантија“ и С.Т(37) и А.С.(28) сопатници од другото возило. Од страна на СВР-Скопје излезено е на местото на настанот извршен е увид и се работи на целосно расчистување.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.