Балкан

Едно лице починало додека гласало во Нови Сад

Едно лице починало додека гласало во Нови Сад

Маж на возраст од 87 години починал денеска на гласачко место во Нови Сад, откако претходно му се слошило, изјавил за српски „Танјуг“ портпаролот на новосадскиот завод за итна медицинска помош, Сања Ненадиќ Покрајац.

Екипата на Брза помош, околу 8,30 часот добила повик дека на гласачко место во Нови Сад на еден маж му се слошило и ја загубил свеста.

Гласачкото место број 183, на кое што се случил инцидентот, е затворено.