Едно лице почина во сообраќајна несреќа во Штип

Крстосницата Дујле во Штип, рано утрово, поточно во 22 минута од новата година ја зема првата жртва. Во сообраќајна несреќа во судар на два автомобила загина штипјанецот Марјан Ордев, објави Канал 5.

До сообраќајката дошло, согласно информациите од надлежните истражни органи, кога од засега неутврдени причини, автомобилот марка „Фолксваген Поло“, движејќи се од правец на зградата на Противпожарната единица на улицата „Борис Кидрич“ кон крстосницата управуван од штипјанецот, А.Н. токму на крстосницата  удрил во автомобилот марка „Ауди“ караван, што се движел на улицата „Партизанска“, поточно од зградата на ЕВН кон меѓуградската автобуска станица, управуван од сега загинатиот 38 годишен возач. Резултатите од алкотестот кај 22 годишниот А.Н. покажале 1,45 промили алкохол во крвта.

Со А.Н. имало и сопатник. Двајцата се здобиле со лесни телесни повреди и пуштени се на домашно лекување.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.