ТОП,Македонија,Крими хроника

Едно лице почина во тешка сообраќајна несреќа кај Требеништа

Едно лице почина во тешка сообраќајна несреќа кај Требеништа

Во тешка сообраќајна несреќа кај Требеништа едно лице го загуби животот. Несреќата се случила вчера во 17 часот и 45 минути на магистралниот пат Охрид-Кичево кај спојот со локалниот пат за селото Требеништа.

Од здобиените повреди, во возило на брза помош на пат кон Општата болница во Охрид, починал Јонче Ј. (64) од селото Требеништа.

Едно лице почина во тешка сообраќајна несреќа кај Требеништа
Едно лице почина во тешка сообраќајна несреќа кај Требеништа

Сообраќајната незгода се случила во момент кога сега починатиот го преминувал коловозот на магистралниот пат од левата према десната страна при што дошло до удар од патничко моторно возило „Рено Лагуна“ со охридски регистарски ознаки управувано од М.Ш.(42) од Охрид. Ударот се случил на десната коловозна лента со предниот лев дел од патничкото возило кое се движело од Кичево кон Охрид, информираат од СВР Охрид, пренесува „Охрид Њуз“.

За време на увидот на местото на настанот сообраќајот на магистралниот пат се одвиваше по една сообраќајна лента со наизменично пропуштање. По наредба на Јавен обвинител, подигнати се траги за ДНК анализа, во СВР-Охрид земени се брисеви од усна шуплина од возачот и сопатникот во возилото „Рено Лагуна“, а во брза помош Охрид земена им е крв и урина за анализа, информираат од полицијата.

Врз телото на починатиот ќе се изврши обдукција, а врз патничкото моторно возило дополнително вештачење.