Македонија

Едно лице полесно повредено во сообраќајка на излезот од Штип

Едно лице полесно повредено во сообраќајка на излезот од Штип

Едно лице е полесно повредено во сообрќајна незгода што се случи попладнево околу 15 часот кај клучката за локалниот пат кон штипската населба „Три чешми“.

Како што информира МИА, до несреќата дошло откако повредениот кој управувал со автомоби „Мерцедес“, изгубил контрола и возилото се превртело. Неговите тројца другари поминале без повреди.

Според очевидци, момчињата биле малолетници, а повредениот со Брза помош е однесен во болница.

– Јас идеше со мојот мотор и кога гледам пред мене прашина, од возилото излегоа три момчиња ништо не им беше, а четвртото момче, возачот се држеше за ногата, дојде, вели Манасиевски.

Портпаролот на СВР-Штип Гордана Панајотова изјави дека не можат да дадат пококретни информации додека не заврши увидот на несреќата. Не потврди дали станува збор за тинејџери кои без да знаат родителите го земале возилото и го уравувале без дозвола.

Ова е втора сообраќајна несреќа за само еден месец на истото место на излезот од Штип.