Едно лице повредено при минирање на рударскиот коп кај Бучим

При минирање на рударски коп кај Бучим, вчера летале карпи и камења и надвор од опасната зона за што жителите денеска протестираа. Вчера, во инцидентот имало и еден повреден земјоделец, кој е хоспитализиран во радовишката болница.

Од рудникот ја признале грешката и надлежниот инжинер добил отказ, објави „24 вести“.