Едно лице повредено во пожар кај Зелено пазарче

Педесет и тригодишниот Е.Х. се здобил со повреди при гасењето на пожарот што избувна денеска на Зеленото пазарче во Скопје.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека лицето се здобило со изгореници на двете дланки и било пренесено во ГОБ „Свети Наум Охридски“, каде што му е укажана лекарска помош.

Денеска околу 16:30 часот на Зеленото пазарче од непознати причини дојде до пожар на 4 тезги, од кои една целосно и три се делумно опожарени. Пожарот е локализиран од страна на екипа на БППЗ.