Едно лице повредено во сообраќајка во Охрид

Полицијата денеска соопшти дека незгодата се случила вчера во 17:40 часот меѓу патничко возило „фолксваген голф“ со чешки таблички управувано од Н.П. (18) од Чешка и патничко возило „ауди“ со скопски таблички, управувано од А.И. (25) од Охрид.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Н.Б.(34) кој бил сопатник во голфот. Тој со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во специјалната болница „Свети Еразмо“ каде му била укажана лекарска помош и бил пуштен на домашно лекување.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Охрид.