петок, 24 март 2017  |  Вести денес: 0

Едно лице притворено по терористичкиот напад во црква во Франција

svestenik2

Поврзани вести

Едно лице е притворено во рамките на истрагата која се води по заложничката драма во црквата Сент Етјен ду Рувре, јави дописникот на МИА од Париз.

Полицијата не го открива идентитетот на приведениот.

Краткотрајната заложничка криза почна утринава, кога двајцата напаѓачи упаднаа во црквата во местото Сент Етјен ду Рувре. Напаѓачите се ликвидирани при акцијата на француските безбедносни сили за нивно „неутрализирање“. При акцијата напаѓачите го убиле 84-годишниот свештеник Жак Хамел, а уште тројца други верници се повредени. Еден од повредените е во животна опасност.

Претседателот  на Франција, Франсоа Оланд претходно изјави дека напаѓачите се припадници на терористичката организација Исламска држава, која потоа ја презеде и одговорноста за нападот.

Еден од напаѓачите бил во Сирија, а по враќањето во Франција обвинет е за здружување во злосторничка група со терористички намери, по што бил затворен. По ослободувањето од затвор, тој бил пуштен со електронска белегзија за контрола.

Најчитани вести