Свет

Едно лице тешко повредено на натпреварот меѓу Севиља и Јувентус

Едно лице тешко повредено на натпреварот меѓу Севиља и Јувентус

Тамошните медиуми објавија дека синоќа во центарот на градот навивачи на Севиља ги нападнале Италијанците.

Идентитет на повредениот се уште не е соопштен, но тој е во болница и е во стабилна состојба.

Ова е трет инцидент сезонава кој го предизвикуваат навивачите на Севиља пред натпревар од Лигата на шампионите и втор судир со фановите на Јувентус.

На почетокот на овој месец шпанските хулигани во нивниот град ги нападнаа и симпатизерите на Динамо Загреб.

Натпреварот од 5.коло во групата Х од ЛШ меѓу Севиља и Јувентус се игра вечерва во 20:45 часот.