Крими хроника

Едно лице тешко повредено во сообраќајка кај Долно Оризри

Едно лице тешко повредено во сообраќајка кај Долно Оризри
Едно лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа која вчера утрината се случила на локалниот пат Битола – село Долно Оризари кај мостот на реката Драгор.

Дваесет и четири годишниот И.Ц. управувајќи со „фолксваген пасат“ изгубил контрола над автомобилот, излегол надвор од коловозот на десната страна од патот и слетал во коритото на реката.

Со тешки повреди се здобил сопатникот Ц.А.(54) од Битола, на кој му е укажана лекарска помош во Клиничката болница во Битола, каде е задржан на лекување, информираат од полицијата.

Од извршеното алкотестирање кај И.Ц. било констатирано присуство на алкохол од 1.48 промили.