Едно лице во болница по синоќешната тепачка во центарот на градот

Едно лице е задржано на лекување по синоќешната масовна тепачка во центарот на Скопје.

Од Министерството за внатрешни работи утринава информираат дека едно лице е задржано на лекување откако синоќа го повредиле со нож во пределот на десната натколеница.

Според полициските информации, градската општа болница „Свети Наум Охридски“ на лекување е задржан 25-годишниот С.К. кој добил телесна повреда  од нож.

Полицијата синоќа привела и три лица за кои се претпоставува дека се вмешани во тепачката која се случи околу 22 часот во близина на Камениот Мост во центарот на Скопје.

За сега нема информации за можниот мотив за тепачката. Од полиција велат дека е без повод и причина. Се работи на расчистување.