Едно лице загина а уште пет се повредни во сообраќајната несреќа на патот Кратово-Пробиштип

архивска илустрација

Едно лице го загуби животот а други пет се повредени од кои едно полесно во тешката сообраќајна несреќа којашто во четвртокот утрото се случи на патот Кратово – Пробиштип, кај местото викано Бигорска чешма.

Од полицијата информираа дека во несреќата учествувале две возила, „рено меган“ со скопски регистерски таблички и „фолксваген пасат“ со штипски регистерски ознаки. а во двете возила имало вкупно шест лица.

Во штипската болница биле пренесени петмина повредени, од кои едно лице им подлегнало на тешките повреди. Во пробиштипската болница пренесено било едно лице кај кое биле констатирани телесни повреди.

Полицискиот увид е завршен, а повеќе детали се очекуваат во текот на денот.

Од АМСМ информираа дека сообраќајот во двата правци беше затворен од 8,40 до 10 часот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.