Едно лице загина, откако автомобил удри во паркирано возило кај Хиподром

Едно лице почина, а четири се здобија со телесни повреди во сообраќајната несреќа што се случи вчера околу 06.35 часот на автопатот Куманово-Скопје кај клучка Хиподром.

Во несреќата учествувале автомобил „Волксваген Голф“ со  скопски регистерски таблици и автомобил „Волксваген Пасат “ со кумановски регистерски таблици.

Во незгодата починал О.В.(37) од село Трновац – Кратово, сопатник во автомобилот „Пасат“, додека со телесни повреди се здобиле М.Т.(47) од селоТрновац, Љ.Т.(52) од село Крилатица, Г.В.(35) од селоТрновац, како и возачот на автомобилот „Голф“ А.Б.(25)  од Скопје.

Незгодата се случила на тој начин што возачот на  „Голф“ поради неприлагодена брзина  изгубил  контрола над возилото удрил во автомобилот „пасат“ кој било застанат на сообраќајната лента за присилно запирање (крајна десна сообраќајна лента), излетал на десната страна од коловозната лента во зелениот појас и се превртел на кров, а пасатот од ударот се поместило и застанало на сообраќајната лента за возење (средна сообраќајна лента).

Увид на лице место извршила увидна екипа на СВР-Скопје.