Едно лице загина во невремето во Солун

Едно лице го загуби животот во вчерашното невреме во Солун откако неговото возило било однесено од поплава за време на обилните врнежи што вчера го зафатија градот.

Жртвата (49) возел теренско возило во солунското предградие Ориокастро кога возилото било однесено од налет на дождовна вода.

Неговиот 19 годишен син кој бил со него во возилото бил спасен од противпожарна екипа која била повикана на местото на инцидентот. Денеска и утре во повеќе делови на Грција се очекуваат уште врнежи од дожд.