среда, 29 март 2017  |  Вести денес: 0

Едно лице загина во сообраќајка кај Велешта

Моторциклист загина во тешка сообраќајна несреќа кај Велешта. Во сообраќајна незгода што се случила вчера околу 15,20 часот на регионалниот пат Струга-Дебар кај село Велешта едно лице загина.

stop

Поврзани вести

Моторциклист загина во тешка сообраќајна несреќа кај Велешта. Во сообраќајна незгода што се случила вчера околу 15,20 часот на регионалниот пат Струга-Дебар кај село Велешта едно лице загина.

Како што информира МВР, вчера се судриле патничко моторно возило „Сеад Кордоба“ со охридски регистерски ознаки управувано од Џ.М. (22) од с.Подгорци-струшко и моторцикл „Сузуки“ управуван од Един Р. (20)-с.Октиси-струшко.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил моторциклистот кој бил пренесен во Специјалната Болница „Св.Еразмо“-Охрид каде што околу 17,20 часот им подлегнал на повредите. Увид на местото на настанот извршил ЈО и увидна екипа на полициска станица-Струга, а по наредба на ЈО телото на починатиот е предадено за обдукција.

Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Најчитани вести