Едно лице загина во сообраќајка пред Крива Паланка

Синоќа околу 19:20 часот, кај месноста Билдес загина пешак, пренесува порталот Прес 24.

Несреќата се слушила на магистралниот пат Кратово- Крива Паланка, а до неа дошло откако камион со скопски регистарски таблици, управуван од 56 годишниот К.К. удрил во пешакот.

Од здоbиените повреди пешакот починал на лице место.

Идентитетот на загинатиот кој има околу 70 годинисе уште не е утврден. Полициските екипи се уште се на терен и вршат увид. Сообраќајот се одвива нормално.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.