Едно лице загина во страшна сообраќајна несреќа кај Миладиновци

Околу еден часот по полноќ утрово на автопатот Велес-Куманово, кај Миладиновци, се случила страшна сообраќајна незгода.

Како што информира МВР, возило марка „Матиз“ со кумановска регистрација се превртело од патот.

Со тешки телесни повреди се здобил 61-годишниот Душко Р. од Крива Паланка кој веднаш бил префрлен во болница, но за жал околу 2 часот им подлегнал на повредите.

Со тешки повреди се здобиле и 59-годишниот возач Б.Н. и неговата 58-годишна сопатничка С.Р.

Полицијата извршила увид.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.