Едно лице загина во тешка собраќајка на патот Дојран – Валандово

Едно лице загина откако со својот автомобил излетал од регионалниот пат Дојран – Валандово, објави „Макфакс“.

Според информациите од МВР, во четвртокот попладне околу 15.35 часот, шеесет и седумгодишниот струмичанец Војчо Н. со својот автомобил „пасат“ излетал од патот, кај валандовското село Дедели.

Возачот со тешки телесни повреди бил пренесен во медицинскиот центар во Струмица, но поради сериозноста на повредите бил префрлен во Клиничкиот центар во Скопје, каде вечерта околу 22.20 часот им подлегнал на повредите.

Увид на лице место извршиле полицајци од полициската станица Валандово и се утврдуваат причините за несреќата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.