петок, 26 мај 2017  |  Вести денес: 0

Едно лице загина во тешка сообраќајка пред Охрид

soobrakajka-aaa-640x385

Последни вести

Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа која попладнево во 16:50 се случила на патот Кичево – Охрид во близина на Требеништа.

Како што дознава Press24 од полициски извори мотоцикл се судрил со тешко товарно возило Сканија. Поради несреќата сообраќајот одреден период бил во прекин, но полицијата обезбедила простор да продолжи увидот но и освивањето на сообраќајот.

Според неофицијални информации мотоциклистот, инаку сопственик на познат охридски ресторан завршил под камионот и го загубил животот.

Од МВР официјално потврдуваат дека едно лице го загубило животот.

Повеќе детали најавуваат по комплетирањето на увидот.

Најчитани вести