Крими хроника

Сообраќаен билтен Скопје Едно потешко и шест полесно повредени лица во десет сообраќајни несреќи во Скопје

Едно потешко и шест полесно повредени лица во десет сообраќајни несреќи во Скопје

Едно лице е потешко повредено во една сообраќајна несреќа што се случила во изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје.

Полицискиот билтен покажува дека со телесни повреди се здобиле и шест лица во други четири сообраќајки. Покрај ова, се случиле и пет сообраќајки во кои е причинета материјална штета.

Во изминатите 24 часа на територијата на главниот град 20 возачи возеле со поголема брзина од дозволената, а седум возачи се исклучени од сообраќај пред да се стекнат со правото на управување моторно возило.

Од сообраќај се исклучени и осум возила со истечена важност на сообраќајната дозвола и едно технички неисправно возило.

Со специјалното возило пајак подигнати се 78 возила, а изречени се и мерки против двајца пешаци кои поминале улица надвор од пешачки премин и против пет возачи кои поминале на крстосница на црвено светло.