Со едно прашање до работа во „Фејсбук“

„Фејсбук“ е една од најпосакуваните компании за работа и еден од најпосакуваните работодавци, а има вработено повеќе од 13.000 луѓе во канцелариите сместени ширум светот.

Шефицата за човечки ресурси во „Фејсбук“, Миранда Калиновски, која е одговорна за вработување на нови луѓе во компанијата, за „Бизнис Инсајдер“ откри како изгледа едно нивно интервју за работа.

Таа откри и едно од најважните прашања кои ги поставуваат, но истакнува дека сите кандидати не ја сфаќаат поентата на прашањето.

Во секторот на човечки ресурси ова прашање се користи за да се види колку сте посветени на работата и колку страст чувствувате кон неа, како и колку вашите интереси се совпаѓаат со интересите на компанијата.

Прашањето гласи: „Ако се обидете да го замислите најдобриот ден на работа, откако ќе дојдете дома, што би правеле?“

Откако ќе одговорите на прашањето, вработените во компанијата врз основа на вашиот одговор можат да утврдат дали можете да ја следите нивната мисија, а тоа е да им овозможите на луѓето што повеќе да се поврзат и да споделат со другите што сакаат од животот.