Македонија

Едночасовен прекин на сообраќајот во село Железница

Едночасовен прекин на сообраќајот во село Железница

Прекин на сообраќајот денеска од 10:00 до 11:00 часот ќе има на регионалниот пат во село Железница во Кратово. Како што информираат од АМСМ, прекинот на сообраќајот е поради бетонирање на свлечиште во село Железница.

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија, како што велат од АМСМ, се одвива без забрани, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.