Македонија

Едночасовен прекин на сообраќајот на патот Кичево – Охрид

Едночасовен прекин на сообраќајот на патот Кичево – Охрид

На патниот правец А2 Кичево – Охрид (Пресека-Врбјане) денес поради изведување градежни работи (минирање) сообраќајот ќе биде во прекин од 07:00 до 08:00 часот.

Поради појава на свлечиште на патниот правец А3 Прилеп – Ресен, на обиколницата на Битола, сообраќајот е сеуште во прекин. Возилата се пренасочуваат низ градот Битола.

На патниот правец Р-1107 Прилеп – Витолиште, стационажа 35-ти километар, поради свлечиште на патот сообраќајот се одвива отежнато.

На патниот правец Р-1303 Прилеп – Македонски Брод, на 27-ми километар, поради слегнување на асфалтот на патот сообраќајот се одвива отежнато. Поставена е соодветна патна сигнализација.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по наместа влажни коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.

– Геинг Инженеринг известува дека за потребите, за изработка на проектна документација за изградба и инсталација на електронски систем за наплатни станици во Македонија, на патниот правец А1, на делницата Табановце – Гевгелија, во зоната на лирата на наплатната станица Петровец, од 08.05.2015 ќе се започне со геодетско снимање и геотехнички истражни работи, за кое ќе се воведе времена измена на режим на сообраќај.

Ќе се поставува соодветна вертикална сигнализација за времен режим на сообраќај за работа на пат.

Времетраењето на времената измена ќе започне на 08.05.2015 и ќе трае до 13.05.2015.

Работите ќе се изведуваат во временски период од 07:00 до 17:00 часот.

– Синохидро Корпорејшн Лимитед Пекинг, подружница Скопје, како главен изведувач на градежните работи на автопатот Миладиновци – Штип, информира дека неговиот подизведувач ГД Гранит АД Скопје, кој ги изведува градежните работи на секцијата Свети Николе – Штип од км 26+396,00 до км 47+107,00, од 04.05.2015 (понеделник) планира целосно затворање на сообраќајот на секцијата Свети Николе – Штип од км 28+520 (Свети Николе) до км 38+500 (постојна клучка Кадрифаково). Целокупниот сообраќај ќе биде пренасочен кон Регионалниот пат Р1204.

Сите активности се во согласност со Одобрението за времен режим на сообраќај број 1005 од 28 мај 2014, издадено од Министерството за транспорт и врски Скопје.

Привремениот сообраќаен режим ќе биде во сила се додека ГД Гранит АД Скопје има потреба од ваков тип на режим за изведување на своите градежни работи.

– АД Бетон на 16.04.2015 започна со изведување на градежни работи за санација на свлечиште Маврово, кај делницата од брана Маврово до с. Маврово. Патниот правец ќе биде затворен за сообраќај за тешки товарни возила и автобуси во период од два месеца.

Сообраќајот за патничките возила се одвива според времен режим, а за тешките товарни возила и автобуси може да се одвива преку с. Леуново.

– Поради изведување работи на мостовите и асфалтирање на патниот правец Велес – Скопје (од Штипска клучка до тунелот Катланово) сообраќајот се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

– Поради извршување на градежни активности на државниот пат А3, делница Велес – Кадрифаково, сообраќајот се одвива под времен режим на сообраќај, и тоа:

– од крајот на трета лента (депонија Велес) до с. Лозово,

– и од с.Лозово преку с.Сарамзалино до клучка Кадрифаково.

– Од 12.01.2015 се изведуваат работи на државниот пат А-3, делница Превалец (Кочани) – Делчево. Работите се изведуваат во временски период од 06:00 до 19:00 часот и се очекува да траат до 12.06.2015 год.

На сите овие патни правци за изведувањето на градежните работи има поставено соодветна патна и сообраќајна сигнализација.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.