Едночасовен прекин на сообраќајот на патот Охрид – Кичево

Поради минирање, денеска од 16 до 17 часот ќе биде затворен за сообраќај патот Охрид – Кичево, на делницата Подвис – Пресека, соопшти АМСМ.

Поради појава на свлечиште на патниот правец А3 Прилеп – Ресен на обиколницата на Битола, сообраќајот е повторно во прекин. Возилата се пренасочуваат низ градот Битола.

Од АД Бетон известуваат дека поради изведување на градежни работи за санација на свлечиште Маврово, делницата од брана Маврово до с. Маврово е затворена за сообраќај за тешки товарни возила и автобуси во период од два месеца почнувајќи од 16.04.2015 година. Сообраќајот за лесни возила се одвива по постоечка девијација согласно сообраќајниот проект за времен режим на сообраќај одобрен од Министерство за транспорт и врски.

Сообраќајот за тешки товарни возила и автобуси може да се одвива преку с. Леуново.