Едногодишно дете спасено од пожар во Србија

Пожарникари денеска спасиле едногодишно дете од стан во Обреновац во кој избило пожар.

Како што пренесува српски Блиц детето било заклучено во станот на третиот спрат во мометот кога избил пожарот. Станот бил преполн со чад и како што изјавиле тројцата пожарникари-чудо е што детето преживеало.

Со брза интервенција детето било извлечено од станнот за неколку минути.

Мајката пред да избувне пожарот се симнала до влезната врата којашто често се заглавувала за да му отвори на еден од станарите во зградата.

Причина за пожарот била запалена тава на шпоретот, по што станот се исполнил со дим за само неколку минути.

Откако мајакта не можеле да ја отвори вратата веднаш повикала пожарникари кои стигнале на местото за само 4 минути.

– Добивме дојава околу 10:30 часот и стигнавме за 4 минути на лице место. Влеговме преку прозорот во станот каде го затекнавме расплаканото дете, кое едвај дишеше од чадот. Ништо не гореше, но насекаде имаше дим. За среќа го спасивме детето и го предадовме на неговата мајка, изјавил за Блиц Ѕвездан Павловиќ, командир на спасувачката пожарна екипа во Обреновац.