Едногодишна успешна работа на базенот во ООУ „Димитар Миладинов“

Една година во основното училиште „Димитар Миладинов“ успешно функционира комплетно реконструираниот базен. Претходно, базенот беше запуштен и вон употреба, информираат од Општина Центар.

Овој начин на рекреација и користењето на можноста за пливање во нивното училиште, учениците го сметаат како добар и корисен  проект, каде тренираат и се учат на пливачки вештини.

ОУ Димитар Миладинов (3)

Градоначалникот Андреј Жерновски, кој денеска беше во обиколка за да ги види резултатите од едногодишното работење, предложи и во редовните часови по физичко воспитување да се плива и вежба во базенот.

ОУ Димитар Миладинов (4)

Наредната недела ќе се стават туш кабини, а наскоро ќе започне и реконструкција на тоалетите. Базенот беше ставен во фукнција на барање на родителите и на персоналот во училиштето, а просторот кој беше во лоша состојба и полн со влага, сега е современо место за рекреација на младите по највисоките стандарди за базени во затворен простор. Длабочината е 1,70 м. Поставената пумпна станица, филтри и цевовод одлично фукнционираат, а неделните редовни контроли на Заводот за бактериолошка исправност досега не покажале слабости или неквалитет на водата во базенот.

Просторијата на базенот се грее во текот на целиот ден, за поголема безбедност на децата поставен е и видео надзор.

Од неодамна, направен е и нов простор со корективни гимнастички справи за вежбање на децата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.