Еднократна парична помош, облека и хигиенски пакет за семејствата од опожарената зграда во Тетово

Еднократна парична помош, како и облека и хигиенски пакети се обезбедени за семејствата од опожарената зграда во Тетово.

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов во придружба на директорот на Центарот за социјална работа Тетово, Насер Садики во станбениот блок 70 во Тетово, оствари средба со граѓаните чии што домови беа опожарени во текот на вчерашниот ден.

Министерот Спасов ги информираше станарите дека Министерството ќе им помогне преку доделување на еднократна парична помош и дека преку акцијата „Се грижиме за топол дом” ќе се обезбедат облека и хигиенски пaкети.