Еднократна помош за оштетените семејства од свлечиште во Ваташа

Советот на општина Кавадарци донесе одлука со која од локалниот Буџет се издвојуваат 30 илјади денари за две семејства од Ваташа, чии куќи беа оштетени од свлечиште.

– Станува збор за две семејства од кавадаречкото село Ваташа на кои свлечиште им направи штети во домот. Ова е еднократна парична помош за нив, информира денеска Зоран Јованчев, претседател на општинската комисија за финансии.

Неодамна градоначалникот на Кавадарци Александар Панов најави и санирање на околниот терен, кој се заканува да наштети на околината, со цел да се дејствува превентивно против свлечиштето.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.