Едномесечен притвор за Оливер Ивановиќ

ЕУЛЕКС му одреди едномесечен притвор на лидерот на Граѓанската иницијатива „Србија, демократија, правда“, Оливер Ивановиќ, пренесе „РТС“.

Од ЕУЛЕКС се изјасниле дека апсењето било наложенo по барање на меѓународниот обвинител. Адвокатот на Ивановиќ, Небојша Влајиќ изјавил дека утринава Ивановиќ бил префрлен во притвор во Приштина. Тој е обвинет за воени злосторства. Од Владата во Приштина побарале Ивановиќ да биде ослободен да се брани на слобода.