Едноминутен молк за настраданите во Париз

Франција прогласи вонредна состојба и на своите прекуморски територии
Франција прогласи вонредна состојба и на своите прекуморски територии

Амбасадата на Франција денеска отвори книга на жалост за да им се оддаде почит на жртвите на терористичките напади во Париз.

Книгата ќе биде отворена од денеска до 18 ноември, од 10:00 до 13:00 часот во Амбасадата на Франција.

Во Франција и во повеќе други земји денеска во 12:00 часот ќе се одржи едноминутно молчење во чест на настраданите во Париз. Амбасадата на Франција се приклучува кон тој молк и ги поканува сите да се придружат.

Претседателот на Франција Франсоа Оланд по нападите во кои загинаа околу 130 луѓе а над 350 беа ранети прогласи вонредна состојба во земјата.