недела, 4 декември 2016  |  Вести денес: 0

Едноставниот маж е најдобар партнер

Со таквиов маж, врската и љубовта се прилично едноставни.

amour-et-amitie

Последни вести

Едноставниот и зрел маж секогаш е најдобар избор за партнер. Тој е познат по тоа што наоѓа радост во малите нешта, по тоа што вредно и напорно работи, но знае и за одмор.

Секако, не прави драми околу ситници, па логично е тој да биде вашиот потпирач и најдобар пријател во животот.

Со таквиов маж, врската и љубовта се прилично едноставни.

Ако сте пронашле некој таков, постојат 10 причини зошто треба да останете и да се смирите во животот токму со него.

1. Тој нема скриени планови

Неговите намери се секогаш искрени и кога нешто ќе каже, тоа и го мисли.
2. Никогаш нема да патите од скршено срце

Тој е мил и оригинален човек. Никогаш не би ве изиграл. Прави да се чувствувате сигурно.
3. Со задоволство би направил да бидете центар на вниманието

Не му пречи да ви го чува грбот. Односно, тоа е тоа што му се допаѓа, иако е во сенка.
4. Опуштен е

Никогаш не прави драми околу тоа што не му оди од рака или некоја неочекувана пресвртница во животот.
5. Сака да сте среќни

Обично, тоа е крајната цел во врската со едноставен маж – вие да бидете среќни. Ќе ја искористи целата моќ за да го постигне тоа.

партнер
6. Мисли дека сте прекрасни, дури кога и самите не се поднесувате

Дури и во деновите кога знаете дека сте напорни, и понатаму мисли дека сте во одлично светло и ве мотивира.
7. Тој ви е најдобар пријател

Знае да го цени времето поминато со вас, па затоа го троши на продуктивни разговори.
8. Тој е тип на маж кој вашиот татко го одобрува

Стабилен, посветен и добар за вас, што уште би посакал вашиот татко?
9. Ги поддржува вашите идеи и сонови

На него секогаш може да сметате кога сакате да почнете нешто ново. Тој е личноста на која се потпирате, знаејќи дека ќе успеете во она што сте го наумиле.
10. Заради него стоите цврсто на земја

Тој е стабилен и секогаш се води по логиката. Ве враќа на земја кога ќе се занесете и ќе летнете предалеку. Совршен е за вас, затоа што секогаш знае како реално стојат работите, па нема да ви дозволи да живеете во илузии.

Најчитани вести