Меѓународна едриличарска регата – Охрид на 29 и 30 јули

Меѓународната едриличарска регата – Охрид 2017 ќе се одржи на 29 и 30 јули. Овој натпревар е возобновување на долгогодишната  едриличарска традиција на Охридското Езеро.

Официјалното отворање ќе биде во 10 часот во сабота (29.07) на главното градско пристаниште каде ќе бидат собрани сите едрилици  и натпреварувачи.
Регатата ќе се одржува во водите на Охридското Езеро, блиску до брегот, од каде што публиката ќе може да го следи натпреварот.

Целта е популаризација на едрењето, не само како спорт туку и како начин на живот.