сабота, 22 јули 2017  |  Вести денес: 0

Едукација на тема “Недела на борба против трговија со луѓе” во Берово

Општинската организација на Црвен Крст Берово реализираше предавање на тема “Недела на борба против трговија со луѓе”, кое беше спроведено пред ученици во прва година од средното училише “Ацо Русковски” во Берово.

берово

Поврзани вести

Пред учениците со едукативен краток филм од страна на вработен во МВР,  беше презнтирано и предочено до учениците, одблиску да се запознаат со конкретната тема и особеното значење, како и за  несаканите последици кои несмеат да се дозволат. Со едукакација, превентивно да се пристапи кон младите, да се разговор, да се делува и објасни за можните негативни појави кои ги засегаат младите во општеството.

Воедно, учениците преку прашања остварија интерактивна комуникација на самото предавање, што значи заинтересираност и потврда за  потреба од  понатамошни предавања во организација на општинската организација на Црвен Крст со останатите институции во општина Берово и општина Пехчево.

berovo-crven-policija1

Изминатиот период Црвен Крст на Берово преку своите активни  волонтери зема учество во низа на хуманитарни и превентивни активности во интерес на граѓаните и подигнување на свеста помеѓу младите.

Најчитани вести