Македонија

Едукација по Прва помош на деца од градинки

Едукација по Прва помош на деца од градинки

Општина Гази Баба во соработка со Црвениот крст Гази Баба го реализираше проектот за прва помош на децата во предучилишните установи кои се наоѓаат на територијата на Општината.

Проектот беше наменет за децата од големите групи во детските градинки да ги стекнат основни знаења по прва помош и самозаштита од одредени повреди а исто така се запознаа со улогата, значењето и активностите на Црвениот крст.

Предавачите со практични примери и на едноставен начин појаснија како се помага на повредените.