ЕВН со едукативен проект за доближување на девојчињата до техничките дејности

ЕВН со едукативен проект за доближување на девојчињата до техничките дејности
ЕВН со едукативен проект за доближување на девојчињата до техничките дејности

 

ЕВН Македонија ја организираше едукативната програма  „Со ќерките на работа“ преку која децата на вработените се запознаа со дејноста на компанијата и работното место на своите родители.

Над 100 вработени во ЕВН, на работа дојдоа со своите ќерки, кои имаа можност да видат како минува работниот ден на нивните родители. Инженери, правници, економисти, менаџери, електромонтери и други профили на вработени во компанијата, на своите деца им ги презентираа работните задачи кои тие ги извршуваат.

2

3

Во првата фаза на овој едукативен проект, засега беа опфатени само женските деца, бидејќи статистиката покажува дека кај нив има помалку интерес за техничките професии.

Девојчињата на возраст меѓу 8 и 18 години, поделени во неколку возрасни групи изработуваа проекти, со што се уверија дека техничите професии не се само привилегија на момчињата. Оваа програма на најмладите учесници им овозможува да се запознаат со техничките науки и да развијат интерес за нив, а на поголемите повеќе информации пред носењето на одлуката каде ќе го продолжат своето образование.

Заменик претседателот на  Управниот одбор на ЕВН Македонија Харалд Дамерер, им посака добредојде на учесниците во проектот. Дамерер посочи дека ваквите настани им помагаат на децата полесно да ја разберат одговорната работа која ја имаат нивните родители -вработени во ЕВН Македонја кои секојдневно се грижат да снабдат со електрична енергија 2 милиона жители во земјава.

4

5

Важноста на енергетиката, придонесот на жените во нејзиниот развој, историјата на  електрификацијата на Македонија и идните предизвици, на младите им ги презентираше  Игор Гиевски, член на Управниот одбор на ЕВН Македонија.

Ваквите интерактивни активности и партнерства им помагаат на вработените да ги насочат децата кон иднината за која тие сонуваат и да ја откријат важноста и можностите на балансот меѓу работата и семејниот живот.

7

„Со ќерките на работа“ е проект за првпат креиран во 1992 г. во Њујорк, САД. Првата официјална прослава на денот е организирана во април 1993 година  и од тогаш 37 милиони деца од целиот свет учествуваат во овој проект. Неколку години подоцна во проектот се вклучени и момчињата, па така прославата на овој ден станува интернационална непрофитабилна програма во САД, Канада и Австралија.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.