Едукативна кампања за безбедност на децата во сообраќајот во градинката „Орце Николов“

Во рамки на „Кампањата за поголема безбедност на пешаците во сообраќајот“ денеска во детската градинка „Орце Николов“ во општина Карпош ќе се одржи едукативна претстава за децата на тема поврзана со нивното однесување и нивната безбедност во сообраќајот.

Целта на настанот е сообраќајна едукација на децата и родителите и запознавање на децата со основните правила и прописи во сообраќајот и нивно оспособување за препознавање на ризиците и опасностите во сообраќајот.

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата  во рамките на настанот ќе им подели на дечињата флуоресцентни елечиња за  нивна поголема видливост  во сообраќајот

На настанот  ќе присуствуваат и ќе се обратат  претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Стојче Стаменковски, претседателот на советот на општина Карпош Сашо Лазаревски, претставници од Министерството за внатрешни работи.

Вo рaмките нa кaмпaњaтa зa пoгoлемa безбеднoст нa пешaците вo сooбрaќaјoт, денеска вo оснoвнoтo училиште „Kирил Пејчинoвиќ“ вo скoпскaтa oпштинa Киселa Вoдa се oдржa рoдителскa средбa, нa кoјa учествo зедoa oкoлу 300 рoдители и ученици, и предстaвници нa Републичкиoт сoвет зa безбеднoст нa сooбрaќaјoт нa пaтиштaтa, Министерствoтo зa Внaтрешни Рaбoти, претстaвници нa лoкaлнaтa сaмoупрaвa и Министерствoтo зa обрaзoвaние.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.