Едукативни предавања за НТЦ системот на учење во градинката „Детска радост“

Претседателот на Светската МЕНСА за талентирани деца, д-р Ранко Рајовиќ, и четвртиот најинтелигентен човек во Светот, Урош Петровиќ, ќе одржат едукативни предавања во Македонија на тема: НТЦ систем на учење.

Во организација на Центарот за едукација и советување, на 15 и 16 Март 2014 година, во детската градинка ,,Детска Радост” – Скопје ќе се одржи едукативно предавање на тема: НТЦ Систем на учење – Како успешно да се развива IQ кај децата низ игра.

NTC (Никола Тесла Центар) систем за учење е специјализирана образовна програма, базирана на сознанијата од неурофизиологија и педагогија, дизајнирана за работа со деца од предучилишна и училишна возраст. Програмата има за цел да го поддржи и одржи развојот на биолошкиот потенцијал на детето, поттикнување на мисловните активности, развојот на интелектуалните и креативните способности, интелигенција и креативно размислување на секое дете. Дополнителна вредност на програмата е тоа што овозможува идентификација на талентираните деца и да се забрза нивниот развој.

Со NTC системот на учење се зголемува интелектуалниот потенцијал кај детето, со што се развива брзината на размислување и заклучување – т.н. функционалното знаење.

Семинарот ќе им овозможи на родителите, наставниците, професорите, воспитувачите и други стручни соработници, практична примена на програмата во работа со децата, збогатувајќи ја секојдневната работа со елементи кои го спречуваат нарушувањето на вниманието, а воедно развиваат брзина на размислување и заклучување.

NTC систем на учење се применува во 14 земји низ целиот свет, а сега и Македонија ја има таа чест да биде дел од таа глобална програма.

Автор на програмата е д-р Ранко Рајовиќ, лекар специјалист, роден во 1964 година, основач на МЕНСА Југославија (денеска Србија) и одел за талентирани NTC (Никола Тесла Центар), член е на одборот на директори на МЕНСА International и претседател на Комитетот на МЕНСА International за талентирани деца. Живее и работи во Нови Сад- Србија, оженет, татко на четири деца. Автор е на книгите: IQ кај детето – грижа на родителите и Како успешно да се развива IQ кај децата низ игра. Автор е и на многу едукативни играчи.

Урош Петровиќ е коавтор на Програмата НТЦ систем на учење. Роден е 1967 година во Горни Милановац, а од 1975 година живее и работи во Белград, Србија. Се занимава со пишување, илустрација, фотографија и дизајн. Има многу награди за проза, поезија и уметничка фотографија. Автор е на епот од 10000 строфи на една страница, Усуди Балкана, кој претставува нова книжевна форма.  Член е на меѓународното здружение на уметници Vinci Artists и Poetic Genius Society. Основач и уредник е на интернационалниот фотографски натпревар ,,Mensa World Photo Cup”. Помеѓу најзначајни награди за фотографија се издвојуваат прва и трета награда од National Geographic Србија, како и награда за најдобра колекција на снимки на конкурсот на компанијата ,,Wrigley”. Покрај ова, четири негови фотографии се одобрени од компанијата Microsoft за десктоп оперативниот систем на Windows 7. Исто така е човек на кој коефициентот на интелигенцијата (IQ) не може да му се измери. Успеал да го реши икс тестот за интелигенција кој оди до тежина IQ 200. Во светот, тој тест го решиле единственo 10 луѓе. На оваа листа, Урош го зазема четвртото место.