Магазин

Едукативно забавно катче во Зоолошка

Едукативно забавно катче во Зоолошка

Во Зоолошката градина во Скопје, денеска ќе биде промовирано новото забавно–едукативно катче Еко–ЗОО Градина.

Едукативното катче е подарок од детската градинка „Росица“-Ѓорче Петров од Скопје.

На промоцијата, под мотото „ ЈОУДГ-Росица  Ѓорче Петров – Скопје, Ви подарува ЗОО Градина – Еко, за во неа да ужива секој“, ќе се обратат директорките на двете институции, Татјана Стаменов и Ана Серафимовска по што ќе настапат децата од градинката „Росица“.