Едуконференција за наставници и информатичари во Струга

Во организација на Здружението „Пријатели на образованието“ денеска во Струга почнува дводневна едуконференција за наставници и информатичари.

Станува збор за прва конференција од ваков вид што се организира во Република Македонија на која ќе се презентираат примери од наставата кои се препознати како ефективни, корисни и интересни.

Конференцијата е наменета за наставници и студенти и има за цел да помогне во развивањето и подобрувањето на организациските и комуникативните методско дидактички способности.

На конференцијата ќе учествуваат експерти од земјава и странство.

Во Здружението „Пријатели на образованието“ членуваат наставници, професори и икт експерти, чија основна цел е обезбедување квалитетна и креативна пракса

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.