Едвај 3.000 на протестот на СДСМ и СОРОС

Со максимален партиски ангажман, притисок врз партиските професори и финансиска помош од Соросовата фондација во земјава, најголемата опозициска партија СДСМ успеа да извлече на протестниот марш две до три илјади лица на улица, пишува порталот „Курир“.

predpraavenprotest

Според објавеното, студентскиот марш кој е директно поттикнат и инициран од низа активисти, функционери на СДСМ и пропагандисти на СОРОС започна во 12 часот пред плaтотo на УКИМ. И на денешниот протест повторно се докажува дека зад него стојат структурите на СДСМ и финансиските средства на ФООМ. Сите ресурси на СДСМ не беа доволни за да се соберат повеќе од две до три илјди луѓе на денешниот партиски протест.

Рецептот за протести кој денеска се спроведува е веќе виден. Манипулација, извртување на реформата и заплашување, како и многу финансиски средства и инфраструктура овозможена од СДСМ, која преку партиски војници пратени на протест ги манипулираат студентите за партиски цели.

Соросовата фондација повторно замеша прсти преку МОФ, чии пак луѓе во најголема мера го контролираат Студентскиот пленум, кој формално и не постои. СДСМ со целата своја логистика, максимален партиски ангажман, со притисок на партиски професори по факултетите и со голема финансиска помош од СОРОС успеа на улица да изнесе две до три илјади лица, пред се партиски членови и активисти на опозицјата.

Во Македонија според податоците има 60.000 студенти и 85.000 средношколци. Еден протест се смета за успешен ако на него излезат најмалку половина од овој број, односно 30.000 студенти и 40-тина илјади средношколци, кои на улиците би резултирале со бројка од 70.000 луѓе.

studenti7

ФОТО: prizma.birn.eu.com

На днешниот протест во кој опозицијата вложи максимални напори, покрај нејзини бројни активисти можат да се забележат и многу стари лица, кои најверојатно по партиска директива се вклучија во маршот. Протестот немаше масовност и покрај тоа што сите медиуми на СОРОС утрово своите новинари ги испратија пред училиштата за да вршат притисок врз средношколците да излезат на протест.

Повици со поддршка за „студентите“ стигнаа од сите соросови организации без исклучок, а функционерите и членовите на СДСМ добија партиска задача, сите на социјалните мрежи да ги споделуваат овие информации и јавно да даваат поддршка на протестот.