Ефенберг уапсен – возел во алкохолизирана состојба и предизвикал вербален судир со полицијата

Ефенберг претерал со алкохолт - уапсен од германската полиција

Според германски “Билд”, Ефенберг бил на “Октоберфест” каде малку повеќе се “опуштил” со алкохолот. На враќање од фестивалот, поранешниот германски репрезентативец бил запрен од полиција која по извршената проверка, утврдила 1,4 промили алкохол, што е недозволена количина.

Исто така, Ефенберг предизвикал и бербален судир со службените лица, по што бил уапсен и против него ќе биде покренато прекршочна постапка.

Покрај Баерн, Ефенберг во својата кариера го носеше дресот на Фиорентина, Борусија Менхенгладбах, Волфсбург и Ал Арабија.