Ефенберг започнува тренерска кариера – почетна станица ќе му биде Падерборн

Ефенберг започнува тренерска кариера - прва станица ќе му биде Падерборн

Членот на втората Бундес лига, Падерборн ќе биде почетната станица во тренерската кариера на контроверзниот Ефенберг, а двете страни веќе потпишале и договор.

Ова е вистинска хемија. Ефенберг е првокласно фудбалско име и полн е со ентузијазам за работата во Падерборн. Убедени сме дека ќе ни донесе ветар во грб и дека ќе ги инспирира и играчите и навивачите, истакна претседателот на Падерборн, Вилфред Финке.

Новиот предизвик со нетрпение го очекува и Ефенберг

Веќе подолго време размислував за почеток на тренерска кариера. Падерборн е одлична средина за таков почеток. Има квалитет и убеден сум дека ќе почнеме да победуваме, истакна Ефенберг кој ќе дебитира на клупата во петок на домашен терен против Ајнтрахт Брауншвајг.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.