Ефикасни вежби за да ги одморите очите од компјутерот

По цел ден седиме пред компјутер, и кога ќе се задлабочиме во некоја задача или текст, забораваме да трепкаме. Очите ни се сушат, а видот се расипува… Сепак, постојат вежби што може секојдневно да ги правите за да го подобрите видот…

  1. Трепкајте две минути. Оваа вежба помага за да ја регулирате циркулацијата на крвта во очите.
  2. Кружете со главата додека гледате напред. Прво од десно на лево, а потоа од нагоре надолу. Ова исто така ја зголемува крвната циркулација во очите.
  3. Погледнете надесно, а потоа полека налево. Потоа истото направете го во спротивен правец.
  4. Затворете ги очите и опуштете се. За мракот се верува дека ги зајакнува фоторецептивните ќелии во очите што помага да се одржи добриот вид.
  5. Поместувајте го вашиот поглед во различни правци. Погледнете десно, па лево, горе, па долу, кружете со погледот и правете осмица.
  6. Затворете ги очите цврсо на 5 секунди, а потоа отворете ги. Направете го тоа седум пати. Оваа вежба помага да одморите очните мускули и да ја подобрите циркулацијата на крвта во очите.
  7. Полека притискајте ги слепоочниците со прстите на две секунди. Повторете го ова четири или пет пати. Оваа вежба го подобрува протокот на интраокуларните флуиди.
  8. Држете ги очите отворени и со погледот цртајте едноставни геометриски фигури. Потоа преминете на покомплицирани геометриски облици.
  9. Затворете ги очите и полека поместувајте ги очните јаболка горе и долу. Повторувајте го ова до десет пати.
  10. Застанете блиску до прозорецот и фокусирајте го погледот на нешто што е мошне блиску до вашето лице. А потоа на нешто што е најоддалечено од прозорецот. Повторете ја вежбата 10 пати.